Дома Фудбал Аргентински новинар откри кога Меси ќе се врати во репрезентацијата (ВИДЕО)

Аргентински новинар откри кога Меси ќе се врати во репрезентацијата (ВИДЕО)

Лионел Меси од завршувањето на Мундијалот во Русија не настапува за селекцијата на Аргентина и одлучи да одмори од репрезентативните обврски.

Во Аргентина стравуваа дека можеби ова значи дека Меси нема да се врати во таборот на „Гаучосите“, но информацијата на новинарот Ернан Кастиљо за „ТНТ Спорт“ објави дека Меси ќе се врати во март идната година, кога ќе започнат обврските на Аргентинците за 2019 година.

Двете ѕвезди на селекцијата на Аргентина, Паоло Дибала и Мауро Икарди претходно порачаа дека сите сакаат Меси да се врати во селекцијата, посебно што наредната година Аргентина ја очекува Копа Америка.

Сега останува да се види дали прогнозите на овој новинар ќе се остварат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…