Aргентинскиот селектор Жорге Сампаоли наводно веќе избрал 17 фудбалери на кои ќе смета на Светското првенство во Русија, пренесуваат медиумите во оваа земја.
Мундијалот во Русија е се поблиску, Сампаоли спрема список. Има играчи кои навистина вредат, а се поизвесно е дека во Русија нема да ги гледаме. Секако тука најмногу се мисли на Паоло Дибала и Мауро Икарди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Икарди помалку или повеќе се знае, тој не е во составот бидејќи е непријател на Меси откако му ја „украде“ сопругата на својот пријател Макси Лопез, додека Дибала е сличен играч на Меси и Сампаоли смета дека не му е потребен уште еден таков играч во нападот.
Според медиумите во Аргентина сигурни патници во Русија се 17 играчи и тоа: Ромеро, Кабаљеро, Гузман (голмани), Отаменди, Маркадо, Фазио, Асуна, Тељафико (одбрана), Биља, Маскерано, Банега, Ланзини, Ло Селсо (средина), Агуеро, Ди Марија, Меси и Игуаин (напад).
Останува место за уште шестмина, Икарди и Дибала се надеваат и поголемиот дел од спортската јавност смета дека мораат да бидат во составот, но последниот збор ќе го има Сампаоли.