Паралелно со Европското првенство во Јужна Америка се игра и Копа Америка каде што што изминатата вечер заврши групната фаза.
Сега на турнирот следува слободен ден, а потоа со пресметките од четвртфиналето започнува нокаут фазата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Но, по завршувањето на групите се доби ситуација која за првпат се случува на едно големо натпреварување (Светско првенстов, Копа Америка, Африкански Куп на Нации, Азиски, Куп или Голд Куп).
Имено, сите репрезентации кои беа победници во своите групи од клупата се предводени од аргентински селектори. Никогаш претходно не се случило од иста земја да бидат победниците на сите групи на големо натпреварување и ова секако дека е ситуација која тешко би се повторила.
Скалони ја освои групата А со Аргентина, додека Батиста ја освои групата Б со Венецуела. Во групата Ц, Биелса го предводеше Уругвај до првото место, а Лоренцо ја освои групата Д со Колумбија.