Дома Фудбал Останато Аргентинец на црниот пазар треба да издвои скоро две просечни плати за – најлошото место во „суперкласико“?!

Аргентинец на црниот пазар треба да издвои скоро две просечни плати за – најлошото место во „суперкласико“?!

boca river

Оваа година како што е познато во финалето на Копа Либертадорес ќе се сретнат можеби најголемите фудбалски ривали, Бока Јуниорс и Ривер Плата.

До првиот натпревар од ова епско финале остануваат само уште четири дена и јасно е во Аргентина во овие моменти тоа е главната тема.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во ваквиот спектакл многумина гледаат шанса и за солидна заработка, па така на црниот пазар се појавија влезници по ненормално висиоки цени, дури сто пати поголеми од нормалната.

Просекот на цената за билетите за натпреварите на Бока и Ривер се движат помеѓу 20 и 40 долари, а сега на црниот пазар за најлошите места на стадионот цената е – 1.300 долари!

Секако за подобрите места цената е далеку повисока и изнесува околу 4.500 долари.

Кога во прашање се ВИП ложите цената на една влезница веројатно може да достигне и цена од 8.000 – 9.000 долари.

Овие цени се уште повеќе неверојатни ако се знае дека во Аргентина просечната плата изнесува околу 800 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…