Според последните информации изгледа дека на Мундијалот наредното лето нема да го гледаме еден од најдобрите фудбалери во Европа оваа сезона.
Како што споменавме, според најновите информации од Аргентина, Мауро Икарди нема да биде во конкуренција за составот на Аргентина за наредното Светско првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хорхе Сампаоли наводно веќе донел одлука Икарди да не патува во Русија. Причина секако е преголемата конкуренција.
Овој 25 годишен фудбалер не игра често за репрезентацијата на Аргентина, само четири пати го облече дресот на националниот тим, а до сега не успеа да се запише во листата на стрелци.
Иначе оваа сезона игра одлично, постигна 18 погодоци во Серија А на 22 натпревари.