Дома Фудбал Лига на шампиони Араухо го критикуваше Начо, па се извинуваше

Араухо го критикуваше Начо, па се извинуваше

Реал Мадрид вчера го победи Ливерпул со убедливи 2:5 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Ливерпул поведе со 2:0, па потоа Реал постигна пет гола со кои стигна до убедливиот триумф. Во почетните минути дефанзивците на Реал имаа проблеми со напаѓачите на Ливерпул, па во тие моменти на социјалните мрежи се појави необичен твит на фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Каква грешка на Начо! Заспа во опасната зона и можеше да предизвика хаос“, гласеше објавата на Твитер профилот на дефанзивецот на Каталонците.

Откако твитот беше објавен во шпанските медиуми, Араухо се огласи, се извини и порача дека профилот му бил хакиран.

„Хакиран профил. Извинување до моите фанови и следачи, сега се е под контрола“, објави фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…