Дома Фудбал Англија Апсурден отказ: Пред еден месец одбија огромни пари за него, денес го избркаа!

Апсурден отказ: Пред еден месец одбија огромни пари за него, денес го избркаа!

Фудбалскиот клуб Ватфорд одлучи денес да му даде отказ на португалскиот стратег Марко Силва!

После серијата на лоши резултати, раководството на клубот реши да го отпушти менаџерот, и тоа само еден месец откако одбија 15 милиони фунти од Евертон за негово обештетување.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Марко Силва беше првиот избор на Евертон и долго време настојуваа да го донесат, понудија 15 милиони, но после одбивањето на Ватфорд, одлучија да го назначат Сем Алардајс за нов тренер.

Силва одлично ја започна сезоната со Ватфорд, но потоа следеше криза на резултати, а последната победа ја остварија пред еден месец.

Ватфорд има 12 порази од кои дури седум во последните пет недели, па ваквиот епилог беше очекуван.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Веќе се познава костурот во Лигата на шампионите: Кој со кој не може да се сретне до полуфиналето и финалето во ЛШ?

Зад нас е шестото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по кое потенцијално можем…