Дома Трансфер зона Анчелоти ја носи ѕвездата на ПСЖ во Наполи

Анчелоти ја носи ѕвездата на ПСЖ во Наполи

Новиот тренер на Наполи спрема голем трансфер од редовите на Пари Сент Жермен, тврдат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Анчелоти е силно заинтересиран во својот тим да го донесе аргентинскиот плејмејкер Хавиер Пасторе.

Пасторе минатата сезона падна во втор план во ПСЖ и ова лето сигурно ќе ја промени средината, а никогаш не криел дека сака да се врати во Италија.

Неговиот договор со ПСЖ истекува во 2019 година, што ќе му овозможи на Наполи да го донесе во своите редови за пониска трансферна цена.

Пасторе се поврзува и со трансфер во Вест Хем, но негов приоритет е Наполи, а трансферот би требало да изнесува 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…