Карло Анчелоти одлично ја започна авантурата на кормилото на Евертон, со две победи, но планира значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на „карамелите“ ќе биде ѕвездата на Реал Мадрид, Хамес Родригез.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кулумбиецот беше на мета на Наполи цело лето, но сепак остана на „Сантиаго Бернабеу“, иако не добива голема минутажа.
Анчелоти и Хамес имаа одлична соработка во Мадрид и Минхен, па играчот повторно сака да соработува со Италијанецот и е спремен да ја прифати понудата.
Евертон нема да жали пари за да му ја исполни желбата на новиот тренер и веќе спремиле понуда од 50 милиони евра, сума која треба да ги задоволи финансиските апетитити на „кралевите“.