Тренерот на Реал, Карло Анчелоти изјави дека навивачите на неговиот тим можат да бидат среќни поради добрите игри на мадридскиот клуб во Лигата на шампионите, пренесуваат британските медиуми.
Фудбалерите на Реал Мадрид ќе му гостуваат на Манчестер Сити во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. На првиот натпревар одигран минатата недела во Мадрид беше 3:3. Анчелоти истакна дека добро го познава менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мислам и дека навивачите на Реал можат да бидат мирни и среќни што нашиот тим вака добро игра во Лигата на шампионите. Испланиравме се, добро ќе се браниме, ќе напаѓаме на контра, мислам дека ќе одиграме добро. Се фокусираме на многу аспекти“, изјави Анчелоти на прес-конференција во Манчестер.
Фудбалерот на Реал, Џуд Белингем најави дека мадридскиот клуб ќе оди на победа во Мадрид.
„Приоритет е победата, се друго е споредно. Се надевам на добра игра од мојот тим. Повеќе мислам на тимска игра отколку на индивидуална. Сити е тим против кој можеш да се подготвуваш со денови, а потоа наеднаш картите се мешаат. Мораме добро да се браниме, да бидеме храбри и да се прилагодиме на нивната игра“, изјави Белингем.
Натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид се игра во среда од 21 часот на „Етихад“.