Дома Фудбал Останато Анчелоти раскажува: Како Каладзе ги излуди за роденденот на Гатузо!

Анчелоти раскажува: Како Каладзе ги излуди за роденденот на Гатузо!

Карло Анчелоти за медиумити одлучи да откри интересни детали од времето кога беше тренер во редовите на италијанскиот гигант Милан.

Џенаро Гатузо е роден 9 јануари, а Грузиецот Кладзе имал свое шоу кое траело неколку дена пред роденденот на италијанската легенда, Гатузо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„На три дена пред роденденот на Гатузо, Кладзе на го прекина тренингот со зборовите: Мистер жал ми е, но морам да ве пркинам, има многу важна вест, за само три дена му е роденден на Гатузо. Настапот на Кладзе продолжи и во вечернита часови: Момци, морам да ја прекинам вечерта, два дена и 14 до роденденот на Гатузо. Сите го гледавме зачудено, но докоторите на тимот веќе му спремаа лудачка кошула“, раскажуваше Анчелоти и продолжи:

„Следното утро следуваше иста сцена, Кладзе повторно настапи: Два дена до роденденот на Гатузо. Џанаро веќе полудуваше, сакаше да го тепа, но успеа да се воздржи и молчеше. Дојде и ноќта 8 јануари, Кладзе како и секогаш: Луѓе, само три часа до роденденот на Гаутзо! Конечно дојде и полноќ. Сите молчеа, го очекуваа настапот на Кладзе. Станав и го прашав, Кладзе, имаш ли нешто да кажеш? Не, мистер, нема нишот, а и зошто би имал? Не, заборави нешто? Апсолутно не! Во тие моменти, Гатузо само остро го гледаше и изгледаше како бомба која секој момент да експлодира“.

„Кога сите мислевме дека шоуто заврши, дојде 10 јануари. Сите бевме собрани на дорулек, Кладзе седна на масата со тажен израз на лицето, изгледаше како нешто многу лошо да му се случило. Го запрашав: Кладзе да не имаш некој проблем? Ох, Мистер, не знам како да ви го кажам, но морам, уште 364 дена до роденденот на Гатузо! Сите бевме збунети, но тоа беше Кладзе кој го познававме“, заврши Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …