Дома Трансфер зона Анчелоти пред заминување – Кандидатот за нов тренер на Баерн НЕМА да ве изененади!

Анчелоти пред заминување – Кандидатот за нов тренер на Баерн НЕМА да ве изененади!

Германскиот гигант Баерн Минхен изгледа дека е сериозен во намерата да пронајде наследник на Карло Анчелоти.

Баерн Минхен не поминува низ добар период и изгледа дека ќе се покажа како точна познатата изрека „каде што има чад, има и оган“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, после поразот од Хофенхајм во првенствното во редовите на Германците завладеа напната атмосфера, а сето тоа во јавноста го изнесе напаѓачот Роберт Левандовски, а потоа следуваше и одговор од Румениге, а познато е дека во вакви ситуации вината секогаш се пронаоѓа кај тренерот.

„Еуроспорт“ пренесува интересна информација, а тоа е е дека младиот Јулијан Нагелсман е главен кандидат да го наследи  на клупата и тоа многу брзо.

Гласините се шират многу брзо, па така веќе во цела Германија се пипува за разделбата на Баерн и Анчелоти, како и пристигнувањето на 30 годишниот Нагелсман кој во саботата му одржа фудбалска лекција на германскиот гигант.

Тренерот на Хофенхајм не крие дека токму Баерн е неговиот тим од соништата.

„Баерн Минхен е посебен, има посебно место во моите соништа. Живеев во Минхен неколку години. Моето семејство наскоро оди во Минхен, таму купивме куќа, имам многу роднини и пријатели во тој град. Минхен е наш дом. Многу сум среќен од својот живот, но Баерн би ме направил уште повеќе среќен“, изјави Наглесман.

nagelsman

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал се „тепаат“ за ѕвездата на Астон Вила

Европските гиганти покажуваат силен интерес за играчот на Астон Вила и бразилскиот репрезе…