Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше со 1-0 против четвртолигашот Касерењо, а единствениот гол го постигна Родриго во 65. минута.
Тренерот Карло Анчелоти застана во одбрана на своите фудбалери, кои добија критики дека одиграле ужасно на теренот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ми се допадна играта од прва до последна минута. Знаевме дека нема да биде лесно, но не ризикувавме во одбраната. Теренот беше ужасен.
Не може да играте добар фудбал на таков терен. Убаво е што помалите клубови може да се натпреваруваат со поголемите“, вели Анчелоти.