Дома Топ вести Анчелоти повторно се враќа во Англија – Го превзема гигантот од Лондон?

Анчелоти повторно се враќа во Англија – Го превзема гигантот од Лондон?

anceloti

Баварците доживеаа тежок пораз во шампионатот, уште во третото коло, од екипата на Хофенхајм, но се почесто се вели дека ова би можело да биде последна сезона за Карло Анчелоти на клупата на тимот од „Алијанц Арена“.

Се пишуваше дека уште во јануари би можел да ја напушти, за да го наследи Томас Тухел, но тоа изгледа како малку веројатно. Логичкиот епилог би бил Анчелоти да ја напушти екипата на крајот на сезоната, без оглед на тоа што ќе се случи на крајот, а Баерн на неговото место да го постави еден од најталентираните светски тренери, Јулиан Нагелсман, 29-годишниот стратег кој минатиот викенд го надигра токму Баерн.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Што се однесува до Анчелоти, англиските медиуми пренесуваат дека би можел да се врати во Премиер лигата, каде што со голем успех го тренираше Челзи. Тој со „Сините“ во сезоната 2009/10 ја освои Премиер лигата, Комјунити Шилд и ФА Куп, а сега би можел да седне на клупата на Арсенал.

Венгер ова лето потпиша нов двегодише договор со клубот, но „Топчиите“ не блескаат оваа сезона, доживеаа пораз од Стоук и дебакл од Ливерпул во првите четири кола, тоа би можело да го натера Венгер да се повлече од местото на крајот на оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…