Мадридски Реал го исфрли Сити по драматичен натпревар и пенали и им се приклучи на ПСЖ, Борусија и Баерн во полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Ваков натпревар беше единствениот начин да се помине“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти, чиј тим играше бункер на „Етихад“ и ретко поминуваше на противничката половина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Почнавме добро, поведовме, а потоа почнавме да се мачиме, да се бориме… Стоевме премногу ниско, а Сити имаше сè поголема контрола. За среќа, одлично се браневме. За време на пенал рулетот бевме уверени дека ќе поминеме, играчите ми рекоа дека ќе победат“, додаде Анчелоти.
Италијанскиот тренер откри и што му кажал Пеп Гвардиола по натпреварот.
„Ми го честиташе пласманот и ни посака среќа. Беше џентламен како и секогаш.“ – изјави Дон Карло.