Дома Фудбал Анчелоти: Немам причина да објаснувам зошто Модриќ не игра

Анчелоти: Немам причина да објаснувам зошто Модриќ не игра

Барселона и Реал Мадрид денес од 16:15 часот ќе играат Ел Класико во рамките на 11. коло во шпанското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лука Модриќ би можел да биде на клупата на резервите на Реал. Тренерот на мадридскиот клуб Карло Анчелоти на прес-конференцијата беше запрашан како би му објаснил на „играч како Модриќ“ дека ќе биде резерва.

„Овде сите се професионалци, не бараат објаснувања и не им давам објаснувања на оние што не играат. Нема за што да се грижите“, одговори Анчелоти.

Доколку 38-годишниот Модриќ игра во дербито, ќе стане најстариот фудбалер кој некогаш играл на Ел Класико.

Тој рекорд сега го држи поранешниот голман на Реал, Пако Бујо, кој застана меѓу стативите во 1996 година на возраст од 38 години и 38 дена.

Барселона тогаш славеше со 3:0. Модриќ со 38 години и 47 дена оваа сезона најмногу во игра влегува од клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар во Норчија се подготвува за европскиот предизвик со Купс! (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар утрово во Норчија одработија уште еден тренинг во текот на припремит…