Дома Фудбал Анчелоти: На Малдини и Неста никогаш не сум им кажувал како да играат

Анчелоти: На Малдини и Неста никогаш не сум им кажувал како да играат

Повозрасните љубители на фудбалот добро знаат какви играчи беа Паоло Малдини и Алесандро Нестина, а сега за нивниот квалитет зборуваше Карло Анчелоти.

Анчелоти од 2001 до 2009 го водеше Милан и во тој период соработуваше со Малдини и Неста. Сега италијанскиот стратег призна дека никогаш на двајцата дефанзивци не им кажувал како да играат.

„Додека бев тренер на Милан никогаш не им кажував на Малдини и Неста како да играат, како да се бранат или како да затвараат простор. Не им кажував затоа што не верував дека има нешто што јас го знам, а тие не го знаат за својата работа“, порача Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ескас пак ќе им суди на Италија и Белгија: Во Рим покажа црвен по ВАР-преглед

Норвежанецот Еспен Ескас е делегиран за дуелот во Брисел, каде на Италија ѝ е доволен бод …