Дома Фудбал Анчелоти: Модриќ има доживотен договор со Реал

Анчелоти: Модриќ има доживотен договор со Реал

Лука Модриќ се уште не потпишал нов договор со Реал Мадрид, но како што најави тренерот Карло Анчелоти тоа е само прашање на време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ се уште не потпишал, но тој практично има доживотен договор со Реал Мадрид“, изјави Анчелоти на гостувањето во телевизијата „Мовистар“ пред вечерашното полуфинале во Суперкупот против Барселона.

Модриќ со 36 години е најстариот играч на Реал Мадрид, а од Шпанија претходно се најавуваше дкеа Хрватот ќе добие едногодишен договор. Тоа е пракса во Реал со сите играчи кои се во поодминати фудбалски години.

И претходниот договор на Модриќ со Реал беше во важност од една година, тој го потпиша на 25. мај 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гански врач: Работам на Хари Кејн, веќе сум покажал за што сум способен

Ганскиот врач Нана Кваку Бонсам најави дека ќе фрли клетва врз капитенот на англиската реп…