Шпанскиот фудбалер Иско повеќе не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти и се очекува да го напушти Реал Мадрид уште во јануари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иско не беше задоволен со неговиот статус во екипата, па реши да го бојкотира клубот и тренерот Анчелоти, но не направи ништо добро со тоа. Анчелоти му дал наредба на Иско да се загрева на натпреварот против Гранада, кој беше одигран неодамна, но тој одбил и така сам си пресуди на себе.




Иско се обиде на таков начин да го понижи тренерот, кој се налути и го отпиша од екипата, па најверојатно ова е крајот за Шпанецот во екипата.
Шпанецот сезонава настапи на седум меча и постигна еден гол, а член е на гигантот од Мадрид од 2013 година.