Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека Тибо Куртоа и Едер Милитао се враќаат во тимот веднаш по мартовската пауза.
Бразилецот и Белгиецот доживеаа повреди на предмите вкрстени лигаменти на почетокот од сезоната во август и сега се во последната фаза на рехабилитацијата. Анчелоти на денешната прес-конференција потврди дека двајцата се пред враќање на терените.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Да, вистина е. Милитао и Куртоа ни се приклучуваат по репрезентативната пауза во март“, изјави Анчелоти.
Тоа значи дека Реал Мадрид ќе биде во најсилен состав во клучниот дел од сезоната, бидејќи четвртфиналето во Лигата на шампионите на програмата е во првата половина на април. Потоа следи и лигашкото „Ел Класико“ на 21-ви април.
Во овој момент Реал Мадрид на табелата има пет бода повеќе од Барселона, но својот натпревар од ова коло го игра во недела, па со победата ќе има прилика да оди на плус осум.