Дома Топ вести Анчелоти: Валверде не е нормален, има страшен потенцијал!

Анчелоти: Валверде не е нормален, има страшен потенцијал!

Стратегот на Реал Мадрид Карло Анчелоти пред почетокот на оваа сезона имаше интересна изјава за Федерико Валверде.

Во последно време Валверде игра фантастичен фудбал и полека прераснува во еден од најдобрите играчи во средниот ред во светот. После вчерашната победа против Елче, Анчелоти откри и што му кажал на Валверде пред почетокот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Му кажав на Валверде – ако не постигнеше барем 10 голови оваа сезоан ќе си ја искинам тренерската лиценца и ќе се пензионирам. Зборуваме за играч со страшен потенцијал“, изјави Анчелоти.

Како што започна Валверде, работата на Анчелоти изгледа е безбедна. На 10 натпревари Валверде веќе има пет гола.

„Феде не е нормален, верувам дека мојата работа е безбедна“, потенцираше италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…