Дома Трансфер зона Антони си ја „отвори душата“: Половина година Ајакс знае што сакам, не ми е јасно што прават

Антони си ја „отвори душата“: Половина година Ајакс знае што сакам, не ми е јасно што прават

Бразилецот, Антони на сите начини се обидува ова лето да го напушти Ајакс.

Антони покажа голема желба да го промени клубот до крајот на преодниот рок и на сите им е познато дека најсериозен за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ веќе испратија неколку понуди за Антони, но челницитен а Ајакс ги одбиваа и тоа го налути Бразилецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега тој даде интервју во кое уште еднаш отворено порача што сака, а откри и дека уште во февруари го известил клубот за неговата намера.

„Од февруари моите агенти им зборуваат на челниците на Ајакс дека сакам да заминам и дека барам нов предизвик. Дојдоа неколку одлични понуди за клубот и не ми е јасно што прават. Во јуни го прекинав одморот и дојдов да разговарам со нив, на новиот тренер веднаш му кажав што сакам“.

„Дојдов во Ајакс и знаеа дека тоа е проект за две години и дека ќе заминам кога ќе дојде вистинска понуда. Ми нудеа договор, но јас не сакав да го потпишам, сакав само да заминам од ово ј клуб“.

Одржал и состанок со управата.

„Пола година им барам да заминам, а тие на состанокот ми кажаа дека не можат да ја прифатат понудата затоа што имаат само пет дена да ми најдат замена. Со месеци знаат што сакам, сега ми зборуваат некои бесмислици“, отворено зборуваше Антони.

Манчестер Јунајтед се уште не се откажува од Антони и понудата стои на масата, а дали Ајакс после ваквото интервју ќе го смени ставот ќе видиме во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Потврдени уште две заминувања од Ливерпул

Пред неколку месеци беше потврдено дека Јирген Клоп наредната сезона нема да биде тренер н…