Дома Фудбал Антони: Ова е само почеток!

Антони: Ова е само почеток!

Најскапата аквизиција на Манчестер Јунајтед, Антони имаше одлично деби и постигна гол во победата над Арсенал.

Антони пристигна на „Олд Трафорд“ во трансфер тежок 100 милиони евра, па очекувањата од него се големи, а тој од самиот старт покажа дека ќе биде големо засилување.

По натпреварот Бразилецот се огласи на социјалните мрежи за да ја сподели својата радост со навивачите.

„Каков неверојатен ден! Огромна благодарност до целиот персонал во Манчестер Јунајтед и моите соиграчи. Никогаш нема да го заборавам овој ден! Благодарам и на навивачите за топлото добредојде! Ова е само почеток! “ напиша Ентони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Додев му донесе предност на Алтај, но Елимај извлече бод

Дарко Додев погоди во 47. минута за водство на Алтај, но дуелот со Елимај заврши 2-2. След…