Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и бразилската репрезентација, Антони, тврди дека иновативните стадиони со клима-уред на СП во Катар се проблем за фудбалерите.
Изминатите денови проблеми со настинка имале Антони, Алисон и уште неколку други репрезентативци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Антони тврди дека причина за тоа се клима уредите и дека тоа е голем проблем за сите фудбалери.
„Беше тешкко, бидејќи неколку дена не се чувствував најдобро. Имав настинка и болки во грлото. Мислам дека виновни за тоа се климатизерите на стадионите. Тоа не беше случај само кај мене, туку и кај неколку други играчи беше исто. Беше тешко да прифатам дека сум болен, но сега е добро, јас сум дел од тимот кој е на располагање“, изјави Антони.