Дома Трансфер зона Антонио Конте до следната недела добива две посакувани засилуавања

Антонио Конте до следната недела добива две посакувани засилуавања

Антонио Конте следната недела добива две посакувани засилувања во Челзи.

Изгледа дека двете желби ќе му бидат исполнети, во понеделник или вторник во Челзи би требало да пристигне дуото од Рома. Станува збор за напаѓачот Един Џеко и левиот бек Емерсон Палмиери, за чии трансфери во редовите на „Сините“ многу се пишува последните неколку дена.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Многу италијански медиуми пренесуваат дека преговорите се во завршна фаза, а до понеделник или вторник ќе се чека реализацијата за Џеко денеска да го одира својот последен натрпевар во дресот на Рома (од 20:45, против Интер).

За ова дуо, управата на клубот од „Стемфорд Бриџ“ наводно ќе одвои 55 милиони евра, 30 за Босанецот и 20 за Бразилецот, додека Рома ќе заработи уште пет милиони евра на име на бонуси, кои ќе бидат вметнати во договорот околу трансферот на Емерсон.

Џеко во Рома пристигна летото 2015. година за 15 милиони евра од Манечстер Сити, има 32 години, а клубот од Рим така ќе заработи двојно повеќе пари од неговата продажба и покрај тоа што веќе е во доцните играчки години. Палмиери одигра само неколку минути оваа сезона, долго време се мачеше со повредата на коленото, која ја заработи уште во мај минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…