Дома Останати Кошарка Антологиска драма на СП: Шпанија после две продолженија избори финале

Антологиска драма на СП: Шпанија после две продолженија избори финале

Првото полуфинале на Светското првенство беше и тоа како драматично.

Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Мундобаскетот во Кина.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Сержо Скариола успеа после две продолженија да слави против одличната Австралија. Шпанците до првото продолжение стигнаа после еден спорен фаул на Богут на осум секунди пред крајот.

На крајот беше 95:88.

Aвстралија беше подобра во првито дел. Шпанците само на отварањето имаа предност од пет поени, но кога Авастралија стигна до водство не го испушташе и стигна и до 10 поени предност.

Шпанија се врати дури во последната четвртина. Малку по малку ја намалуваа предноста и дојдоа во прилиак да го превземат водството. Тоа успеаа на осум секунди пред крајот кога Марк Гасол после спорниот фаул на Богут беше прецизен за 71:70.

Во наредниот напад Австралија доби две слободни фрлања, Милс застана на линијата и погоди само едно. Рубио дојде до топката и се обиде од половина терен да донесе победа, но топката заврши во обрачот. Така се отиде во продолжение.

Таму Шпанците подобро отворија и брзо дојдоа до предност од пет поени, но исто така и Австралија брзо се врати. До крајот на продолжението не видовме многу поени. Делаведов имаше прилика со звукот на сирената да обезбеди големо славје за „Кенгурите“, меѓутоа не беше прецизен, па се отиде во ново продолжение.

Во второто продолжение Шпанија одигра далеку подобро, Австралија како веќе да немаше сили за нешто повеќе.

Ќе потсетиме во второто полуфинале денес играат Франција и Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…