Македонскиот интернационалец Перо Антиќ нема да биде во составот на Црвена Звезда за натпреварот во Евролигата против Бросе Бамберг.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Антиќ поради полесна повреда го пропушти синоќешниот натпревар Црвена Звезда- МЗТ Скопје, а тренерот Душан Алимпијевиќ потврди дека нема да биде во тимот и против германскиот шампион.
„Перо имаше проблеми и пред мечот со Макаби, повреда на листот на ногата ја влече уште од Фенербахче. Сега таа повторно се активира и прашањето беше само кога ќе го решиме тоа. Решивме тоа да биде сега. Нема да игра против Бамберг, но в петок ќе почне да тренира и ќе биде во тимот за натпреварот со Партизан“, изјави Алимпијевиќ.
Црвена Звезда ќе го пречека Бросе Бамберг во четврток, а наредниот понеделник во АБА лигата ќе го одигра дербито со Партизан.