Дома Трансфер зона Анте Ребиќ по Мундијалот го прави трансферот на кариерата?

Анте Ребиќ по Мундијалот го прави трансферот на кариерата?

Пред почетокот на Светското првенство во Русија, Анте Ребиќ не важеше за фудбалер кој би можел да биде еден од најважните на Хрватите, но по неколку натпревари работите се променија.

Благодарение на своите настапи, Ребиќ сега прерасна во еден од најдобрите фудбалери на селекцијата на Хрватска и изгледа дека е само прашање на време кога ќе направи трансфер во некој голем клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според последните информации, неговиот довчерешен тренер во Ајнтрахт Франкфурт, Нико Ковач кој беше промовиран во нов тренер на Баерн Минхен би можел да го земе со себе.

„Многу сум среќен поради победата која го радува хрватскиот народ. Анте Ребиќ е одличен играч и добро би ни дошол во Баерн. Мило ми е што игра одлично на

Мундијалот и мислам дека би бил од голема корист на нашиот тим“, изјави Ковач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…