Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри одлучи повеќе да не работи во „Sky Sports“ како стручен коментатор, бидејќи сака повеќе да се посвети на тренерската кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Анри беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Белгија на овој Мундијал со кого освои бронзен медал. Сепак, иако беше многу добар стучен коментатор на крајот донесе одлука дека време е сериозно да заполови во тренерските води.
Иако вчера го напушти „Sky Sports“, англиските медиуми пренесуваат дека уште денеска доби три понуди за тренерска работа. Познато е дека станува збор за екипи од Англија, но се уште не се знае за имињата на клубовите кои сакаат да го видат Анри на клупата на својот тим.
Колку Анри има желба да се докаже како тренер најдобро покажува фактот дека одбил договор од споменатиот медиум од дури десет милиони фунти за продолжување на соработката. Ќе биде интересно да се види легендарниот напаѓач на Арсенал во улога главен тренер.