Дома Фудбал Андре Гомеш повеќе нема ништо во соблекувалната на Барса – дефинитивно заминува!

Андре Гомеш повеќе нема ништо во соблекувалната на Барса – дефинитивно заминува!

Пред две години навивачите на Барселона го славеа Андреа Гомеш, Португалецот го одби Реал Мадрид за да потпише за каталонскиот гигант.

Тогаш после освојувањето на Европското првенство со Португалија Гомеш се договори за петгодишен договор со Реал и од потписот со клубот од Мадрид го делеше само договорот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Меѓутоа, само половина час подоцна Барселона успеа да го убеди и да го „украде“ Гомеш од пред носот на големиот ривал.
Гомеш за сума од 35 милиони евра се пресели на „Ноу Камп“.

Две години подоцна „големото засилување“ ја напушта Барселона, а за него нема никој да жали бидејќи се покажа како огромно промашување.

„Мундо Депортиво“ дознава дека Гомеш го испразнил својот дел од соблекувалната во Барселона. Во целост. Не сака да игра уште една сезона со мизерна улога во Барселона и бара трансфер.

Каталонците ќе се обидат да вратат дел од сумата вложена во него, а Гомеш кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…