Женската фудбалска репрезентација на Македонија не успеа да врзе две победи во низа откако во Охрид бевме поразени од Луксембург со 2:3.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лукембург преку Абреу дојде до водство уште во осмата минута. До изедначување стигнавме во 21. минута, погоди Рочи. Клучниот момент на натпреварот можеби се случи во финишот од првото полувреме кога се повреди нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова.
Без Андонова во второто полувреме не бевме истата репрезентација. Луксембург два гола постигна во 62. и 67. минута. Втор гол постигна Марекс Абреу, а третиот гол беше дело на Тил.
Во 90. минута Павлинка Николовска изведе еден одличен слободен удар од поголема далечина и ги постави конечните 2:3. Имавме голема шанса во завршницата кога ја погодивме и пречката. За Македонија ова е трет пораз во четирите натпревари, во минатото коло ја победивме Летонија на гости.