Кристиано Роналдо вчера имаше уште една магична вечер во неговото омилено натпреварување, Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јувентус од Мадрид пред своите гледачи во Торино се врати со негатива од 2:0, но тогаш тука блесна Кристиано Роналдо и со хет-трик ја одведе „старата дама“ во четвртфиналето.
Оваа победа на Јувентус верувале или не се славеше на големо во – Ангола!
Поточно не се славеше победата на Јувентус колку што се славеше спектакуларниот настап на Роналдо. Голем број фанови на Португалеот од оваа земја излегоа на улица и го скандираа неговото име.
Колку и да е популарен сепак вакви работи сме навикнати да гледаме кога успех ќе има некоја репрезентација на одредена држава, па навистнина е необично да се види како на ваков начин се слави одличната вечер на еден фудбалер.
Angola a gritar por Cristiano Ronaldo. pic.twitter.com/RCi9rFW7tE
— TD (@gazua_) March 12, 2019