Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Англија – Белгија, дерби кое може да се претвори во еден од најчудните натпревари на СП!

Англија – Белгија, дерби кое може да се претвори во еден од најчудните натпревари на СП!

belgium

Дербито од групата Г кое утре од 20:00 часот во последното коло го играат Англија и Белгија лесно би можело да биде еден од најчудните натпревари на светските првенства.

Двете репрезентации кои очекувано после второто коло се изборија за пласман во следната фаза во конкуренција на Тунис и Панама меѓусебно би можеле да се борат не за победа и освојување на групата, туку кој ќе биде второпласиран.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И тоа така што би се натпревале кој ќе има повеќе картони!

Еве и зошто: Двете репрезентации натпреварот го дочекуваат во целосно идентични позиции. Имаат по шест бодови, гол-разлика +6, постигнаа по осум погодоци и примија два. По ништо не се разликуваат ако ремизираат и прашањето кој ќе биде тогаш прв?

Одговорот е: Оној кој ќе има помалку жолти картони!

Англија во овој момент има два, додека Белгија три жолти картони.

Кога во последното коло овие две репрезентаии би ремизирале, а притоа би имале и ист број на картони, ФИФА победникот во оваа група би го одлучила со ждрепка.
Доаѓаме и до ситуацијата зошто Англија и Белгија повеќе би сакале да бидат второпласирани во групата.

Победникот од оваа група би играл во потешкиот дел од костурот, под услов Бразил да заврши на првото место во својата група, а Германија на втората позиција, што во овој момент е реалност.

Второпласираната селекција од групата Г во осмина финалето оди на Сенегал, ако го елиминира во четвртфиналето ги чека победникот од натпреварот помеѓу Мексико и Швајцарија.

Првопласираната селекција од оваа група од друга страна оди на Колумбија, а во случај на поминување во ¼ финалето ги чека победникот од натпреварот помеѓу Германија и Бразил.

Јасно е дека во нокаут фазата сите би сакале колку што е можно да ги избегнуваат првите фаворити, а Германија и Бразил без разлика што покажаа во групната фаза сигурно се едни од нив.

Но, да почекаме да завршат денешните натпревари ќе потенцираме дека Бразил и Србија се уште не го обезбедиле своето место во 1/8 финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…