Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Англичаните со „покер“ ја елиминираа Украина и закажаа полуфинале на Данска 🎥

Англичаните со „покер“ ја елиминираа Украина и закажаа полуфинале на Данска 🎥

Англија денес без поголеми проблеми се справи со Украина и обезбеди место во полуфиналето на Европското првенство.

Англичаните победата ја најавија рано уште во четвртата минута кога погоди Кејн. Иако брзо падна гол сепак тој беше единствниот во првото полувреме.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во второто полувреме следуваше вистински потоп за Украинците. Хари Мегваер на самиот старт во 46. минута зголеми на 2:0, а четири минути подоцна Кејн со вториот гол на натпреварот ги разреши сите дилеми околу тоа кој ќе оди во следната фаза.

Конечните 0:4 ги постави Џордан Хендерсон со гол со глава во 63. минута после еден корнер на Маунт. Интересно е што ова беше прв гол на Хендерсон за националниот тим во неговиот 62. настап.

До крајот Англија имаше уште некоја прилика за поубедлива победа сепак резултатот не се промени. Во полуфиналето „Гордиот Албион“ ќе оди на Данска. Ќе потсетиме во првото ќе се сретнат Италија и Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…