Дома Македонски спорт Англичаните претпазливи: Прашајте ги Германија и Англија како поминаа дома со Македонија!

Англичаните претпазливи: Прашајте ги Германија и Англија како поминаа дома со Македонија!

Maкедонија вечерва трепат во својата историја ќе и гостува на Англија, а интересно е што во првите два дуели со Англичаните немаме пораз, па јасно е дека нема да не потценат. Во 2002 одигравме 2:2 на „Сент Мери“, а во 2006 дуелот кој како и денес се одигра во Манчестер заврши без погодоци.

На Островот допатувавме со пораз од Украина од 3:2 и тоа во натпревар во кој водевме со 2:0 на полувремето и тоа секако претставуваше удар за фудбалерите. Сепак, момците на Милевски ќе се обидат да се кренат и вечерва да приредат изненадување против големиот фаворит.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако се фаворити Англичаните се претпазливи, таква беше изјавата на селекторот Саутгејт на вчерашната прес-конференција, а такви се и најавите од најпознатите медиуми на Островот.

Реномираниот „Гардијан“ потсетува на големите изненадувања на Македонија против Германија и Италија.

„Фудбалерите на Македонија доаѓаат како атусајдери, но тие се тим кој не смее да се потцени. Прашајте ги Германците и Англичаните како поминаа на домашен терен во последниот мундијалски циклус“, пишува „Гардијан“.

Се истакнува и нашиот настап на Еуро 2020 каде што иако имавме три порази и според нив достојно сме се претставиле.

„Македонија на првенството ги загуби трите натпревари со Австрија (1:3), Украина (1:2) и Холандија (0:3), но играа добар фудбал и храбро се бореа, настапите беа подобри од она што го покажуваат резултатите, оставија добар впечаток“, стои во најавата на британскиот медиум.

Англија и Македонија играат вечерва во терминот од 20:45 часот на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…