Англиските медиуми најавуваат дека на повидок се два трансфери кои можат да предизвикаат тектонски промени во фудбалска Европа!
Манчестер Јунајтед е подготвен да плати неверојатни 350 милиони фунти за Нејмар, а „светците“ би можеле тие пари да ги искористат за привлекување на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што се пишува Мурињо би сакал да го види Нејмар во Англија како водач на неговио тим а за тоа е подготвен да ги сруши сите рекорди да Бразилецот пристигне на Олд Трафорд.
Во тоа ќе му помогнат спонзорите бидејќи со Нејмар, Јунајтед ќе има и голема комерцијална придобивка.
Доколку дојде до трансфер реалција Париз – Манчестер, ПСЖ е спремен да ги понуди сите пари на кралскиот клуб за Кристиано Роналдо. Не е тајна дека Португалецот имаше проблеми со шпанскиот закон, и дека не е задоволен што Меси добива поголема плата од него, а Перез не е спремен да му понуди нов договор.
ПСЖ може да го направи најплатен фудбалер на светот и да му понуди нов предизвик во кариерата. Доколку дојде реализација на овие трансфери дефинитивно ќе дојде до промена на фудбалската мапа на Европа.