Славниот англиски клуб, Њукасл од денес и официјално е ставен на продаба.
Досегашниот сопственик, Мајк Ешли одлучи да го заврши своето сопствеништво во Њукасл и да го продаде клубот кој извесно е дека за брзо ќе добие свој нов сопственик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Њукасл бара кристална јасна стратегија и пат кон подобра и успешна иднина. За да обезбеди клубот најдобра можна прилика за осигурување на добрата позиција во лигата и вложување на потребните средства, што е важно случување во историјата на клубот, сегашните сопственици утврдија дека во најдобар интерес на клубот и навивачите е да се стави Њукасл на продажба“, стои во официјалното соопштение од Њукасл.
За време на десетгодишното владеење на Ешли, Њукасл два пати испаѓаше од ПЛ, но на два пати експресно се враќаше.
Оваа сезона Њукасл игра одлично, а по осум кола се наоѓа на деветата позиција на табелата.