Дома Македонски спорт Ангеловски: Списокот е составен од играчи кои донесоа историски успех на Македонија

Ангеловски: Списокот е составен од играчи кои донесоа историски успех на Македонија

Денес селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на повикани фудбалери за стартот на квалификациите за Светското првенство.

Македонија во квалификацискиот циклус кој следи ќе одигра три натпревари: Романија (25. март), Лихтенштајн (28.март) и Германија (31 март). Со Лихтентшајн играме дома, а останатите два натпревари на гостински терен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По објавувањето на списокот се огласи и Ангеловски.

„Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата независност. Како човек и како селектор, никогаш не би му го одземал правото на некој да биде дел од националниот тим, а тоа да го заслужува и со односот кон репрезентативниот дрес и со постигнатите резултати преку повеќегодишна макотрпна работа“ изјави Ангеловски.

Списокот на повикани играчи можете да го погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…