Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски го објави списокот за натпреварите против Летонија и Словенија

Ангеловски го објави списокот за натпреварите против Летонија и Словенија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски денес го соопшти списокот на повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за Европското првенство 2020.

Во составот како што се очекуваше од претходно го нема Арјан Адеми, но тука се Стефан Спировски и Иван Тричковски за кои настапот се уште е под знак прашалник. Повратници во репрезентацијата се Кире Маркоски, Дарко Чурлинов и Дарко Велковски.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Собирот на репрезентацијата на Македонија е закажан за 18 март во 12:00 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.

Натпреварот со Летонија ќе се игра на 21 март во Скопје, а три дена подоцна и гостуваме на Словенија.

„Горан Пандев ќе го игра 100. натпревар во дресот на Македонија. Знаеме кој е и што е. Сакаме да го зачиниме јубилејот со победа. Кога може 70.000 луѓе на нозе да го поздрават во Италија, мислам дека истото може да се направи и во нашата земја“, изјави меѓу другото Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…