Дома Фудбал Репрезентации Фаворити ли сме вечерва? Кој на кого повеќе ќе му недостасува?

Фаворити ли сме вечерва? Кој на кого повеќе ќе му недостасува?

Репрезентацијата на Македонија денес игра натпревар против Грузија кој е важен во борбата за првата позиција во нашата група.

Во овој натпревар и ние и Грузијците влегуваме со многу проблеми во ростерот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера вечер грузиските медиуми објавија дека Окриашвили се пожалил на повреда па селекторот Вајс не сакал да ризикува со него за повредата да не стане уште посериозна бидејќи за неполн месец Грузија ќе не пречека во финалето за пласман на Европското првенство.

Пред Окриашвили од составот на Грузија отпаднаа: Гиорги Чакветадзе, Гурам Кашиа и Отар Какабадзе, се повредени додека Јаба Канкава е супсендиран поради жолти картони, додека Гиорги Абуранџија во договор со неговиот клуб Овиедо е ослободен од овбрските за националниот тим.

Додека кај нас надвор од конкуренција за овој меч се Бејтулаи, Адеми и Тошевски поради повреди, Муслиу е суспендиран, додека Ферхан Хасан по барање на неговиот клуб се врати во Финска. На вчерашниот прес селекторот Игор Ангеловски изјави и дека Стефан Спировски најверојатно нема да игра откако не го издржал последниот тренинг.

Ќе биде ова дуел на две прилично ослабени селекции, тешко е да се прогнозира кој на кого повеќе ќе му недостасува. Македонија има мала предност поради домашниот терен, меѓутоа Грузијците кај нив во натпреварот во септември ни покажаа дека не се наивна селекција (1:1). Тоа воедно беше и прв натпревар помеѓу Грузија и Македонија.

Очекувањата се и Ангеловски и Вајс да не ги откријат премногу „картите“ со оглед на натпреварот на 12. ноември кога повторно ќе играме против Грузија, но тогаш во натпревар во кој влогот е – пласман на Европско првенство!

Но, далеку од тоа дека и денешниот дуел не е важен. Победникот од овој натпревар ќе избие осамен на чело на табелата со што ќе дојде на чекор од пласман во „Б“ лигата.

Aко ги погледнеме обложувалниците предност има Македонија, коефициентот за наша победа изнесува 2.25, за реми 3.20, додека за „двојка“ е 3.30.

Фото: „report.ge“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…