Дома Останати Кошарка НБА Американците не се воодушевени: Дончиќ паѓа на НБА драфтот

Американците не се воодушевени: Дончиќ паѓа на НБА драфтот

19-годишниот Солвенец, Лука Дончиќ е најголема кошаркарска ѕвезда во Европа во овој момент.

Дончиќ викендов го однесе својот Реал Мадрид до европскиот трон и беше избран за МВП на фајнл-форот и сезоната, па логично следна негова станица да биде НБА лигата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неговото име сигурно ќе се појави на престојниот драфт на 21-ви јуни во Бруклин, но и покрај најавите дека ќе биде во Топ 3 пика, најверојатно тоа нема да се случи.

Ако Лука не биде избран како прв пик од Феникс, тој ќе испадне од конкуренција за првите три пика. Главна желба на „сонцата“ е сепак центарот ДеАндре Ајтон.

„ЕСПН“ тврди дека Сакраменто и Атланта, кои ќе бираат втори и трети, веќе одлучиле дека не им треба играч како Дончиќ, па и тие ќе драфтуваат други кошаркари.

Поради тоа лесно може да се случи Дончиќ да падне на 4-то или 5-то место на драфотот, што е секако надвор од сите прогнози кои се појавија претходните месеци.

Меѓутоа, 19-годишниот Дончиќ се уште размислува дали од наредната сезона да се приклучи во НБА лигата или да одигра уште една сезона во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…