Милош Теодосиќ долго време беше желба на НБА клубовите, а кога конечно стигна во најсилната лига на светот ги излуди фановите.
Во дресот на Клиперси српскиот плејмејкер го прави тоа што најдобро го знае – дели неверојатни асистенции. Синоќа во победата против Сакраменто додели 6 магички асистенции за 23 минути игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека се заљубив во Милош Теодосиќ“, напиша Адам Жосеф, НБА новинар.
Another lob from Milos! pic.twitter.com/H8NhkE7VtF
— Michael Gallagher (@MikeSGallagher) October 13, 2017
„Неговата способност да ја раздрма одбраната без влегување во рекетот е единствена. Може да ја испрати топката на спротивната страна како никој друг“, пишува Адам додека порталот „NBA Draft“ за Теодосиќ вели дека е волшебник со топката.
Milos Teodosic is a magician with the basketball. #NBARooks pic.twitter.com/IZ24pbCNmf
— NBA Draft (@NBADraft) October 13, 2017