Американскиот тенисер Тејлор Фриц смета дека има големи шанси Новак Ѓоковиќ да игра на овогодинешниот Вимблдон.
Новак го оперираше менискусот на десното колено за време на Ролан Гарос, успешно се опоравува, но останува прашањето дали ќе игра на третиот Грен слем сезонава.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фриц имаше идентична повреда пред неколку години. Тој го повреди коленото во Париз, но неполн месец подоцна се појави на Вимблдон.
“Му кажав како се чувствувам. Многу се сведува на тоа како реагираш на воспаление. Можно е Новак да игра. Се соочува точно со истото што ми се случуваше мене“, изјави Фриц.
Инаку, веќе е Потврдено е дека Новак ќе игра на Олимписките игри кои почнуваат на 26 јули, а дали ќе ризикува да игра на лондонската трева останува отворено прашање. Познато е од претходно дека злато со Србија во Париз е најголемата цел за Ѓоковиќ оваа година бидејќи тоа е нешто што му недостасува.