Барселона се уште не успеала да го реши прашањето на новиот тренер, но сите се убедени дека на клупата на Каталонците ќе седне Чави.
Во текот на вчерашниот ден Ал-Сад излезе со соопштение во кое порача дека не сака да го пушти Чави во Барселона во овој момент, меѓутоа нешто подоцна се огласи и самиот Чави кој изрази надеж дека клубовите ќе се договорат затоа што тој сака да се врати во Барса.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дел од раководството на Барселона од вчера е во Катар каде што освен преговорите и го следеа мечот кој го играше Ал-Сад. Чави ги прифатил понудените услови, меѓутоа договор со клубот се уште нема.
Сега се појави информација дека место пари Ал-Сад бара од Барселона да одиграат пријателски натпревар на кој тие би биле домаќини. Така сметаат дека би заработиле повеќе од откупната клазула на Чави.
Наводно и во Барселона немаат ништо против на ваквото барање, па ќе видиме дали навистина се постигнал договор, ако тоа е така потврдата би требало да ја добиеме наскоро.