Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Калифи, рекол дека клубот нема намера да го продаде италијанскиот репрезентативец Марко Верати.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ПСЖ, како што нагласил Ал Калифи, има намера да го продолжи договорот со Верати и да го гради тимот околу него.
„Неговата цена не е ниту 80, ниту пак 100 милиони евра, бидејќи тој не е на продажба“, рекол Ал Калифи.
Како Најголема кандидат за купување на Верати се споменуваше Барселона, според шпекулациите Каталонците биле подготвени да издвојат и 100 милиони евра, но по оваа изјава на првиот човек на ПСЖ извесно е дека Италијанецот ќе остане во Париз.