Утре Вардар ќе го игра натпреварот против Порто во Лигата на шампионите, а пред овој меч за медиумите зборуваше и тренерот Стефче Алушовски.
„Атмосферата е на високо ниво, убаво е кога ќе победите тим како Флензбург. Работевме и го анализиравме Порто, тоа е екипа која е во добра форма и посебно добро знае да одигра во играта 7 на 6. Ако бидеме подготвени имаме големи шанси одново да славиме во Скопје. На претходниот натпревар победивме, но секој натпревар е приказна за себе. Ние ќе бидеме максимално претпазливи, момците се фокусирани, останува да се договориме што како треба и да излеземе да се обидеме да дојдеме до втора побеа. Лесно нема да биде, но ова е Лига на шампиони и секој меч е тежок“, изјави Алушовски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот помеѓу Вардар и Порто се игра утре во 20:45 часот.