Шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад после лошите резултати го разреши досегашниот тренер Еузебио Сакристан.
На Сакристан му пресуди саботниот пораз од Гетафе, после кој клубот од Сан Себастијан падна на 15. место, а во овој момент во опција за превземање на тренерската клупа се неколку имиња.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓу оние кои се поврзуваат за тренерското место на Сосиедад е поранешниот шпански репрезентативец Чаби Алонсо, кој за овој клуб настапуваше, меѓутоа од целата приказна, изгледа нема да биде ништо.
„Се уште сум зелен за тренерски предизвик. Напорно тренирам и се спремам за тој ден, но неодамна го оставив професионалниот фудбал.” – рече Алонсо.
Да потсетиме, Чаби Алонсо играше во Сосиедад се до 2004. година, кога премина во Ливерпул, а до крајот на сезоната уште настапуваше за Реал Мадрид и Баерн Минхен.