Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако во полуфиналето го победи Алкараз со 3:1.
Во првите два сета гледавме голема рамноправна борба и резултатот беше 1:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На стартот на третиот сет Алкараз се повреди и тешко се движеше на теренот, па му го олесни патот на Ѓоковиќ, кој лесно ги доби двата сета и се пласираше во финале.
„Прво морам да кажам дека Карлос немаше среќа. На ова ниво, не сакате такви работи, грчеви и проблеми во полуфинале на еден гранд-слем. Морам да кажам дека тој е фантастичен играч и дека сигурно ќе го освои овој турнир во иднина. Нему му беше тешко да одлучи дали ќе се предаде или не и му честитам што се бореше до крај“, изјави Ѓоковиќ.