Дома Останати Тенис Алкараз во спектакуларен меч после пет ипол час го победи Синер за место во полуфиналето на УС Опен

Алкараз во спектакуларен меч после пет ипол час го победи Синер за место во полуфиналето на УС Опен

Светската тениска надеж ја комплетираше најдобрата четврока на УС Опен откако во спектакуларен меч после пет ипол часа игра го победи Италијанецот Јаник Синер со 6:3, 6:7, 6:7, 7:5 и 6:3.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој меч сигурно може да се смета и за меч на годината досега. Шпанецот успеа да дојде до третата победа во петтиот натпревар со големиот ривал кој неодамна го елиминираше од „Вимблдон“. За многумина ова е раѓање на едно ново големо ривалство во тенисот.

Алкараз со победата остана во игра и за првото место на АТП листата на кое може да се најде уште и Руд, па и Надал, но за тоа Руд и Алкараз ќе треба да бидат елиминирани во полуфиналето.

За место во финалето на АТП турнирот Алкараз ќе игра токму со човекот кој го победи Надал Френсис Тиафо, додека Каспер Руд ќе се сретне со Карен Хачанов. Кој од овие двајца ќе го освои турнирот ќе биде нов лидер на АТП. Опција имаат и само со пласман во финалето, но тогаш би требало другиот да не се пласира во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Јаник Синер без многу напор стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Зошто пробл…