Дома Фудбал Англија Алкантара објасни зошто не го допира натписот „Тоа е Енфилд“

Алкантара објасни зошто не го допира натписот „Тоа е Енфилд“

Новото засилување на Ливерпул, Тиаго Алкантара објасни зошто се воздржал да го допре натписот „Тоа е Енфилд“, кој стои на влезот на тунелот на клупскиот стадион.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во клубот постои правило дека прво треба да се освои трофеј со Ливерпул за да ја имаш таа чест да го допреш натписот пред да излезеш на терен.

„За да може да го допреш тој симбол треба прво да го заслужиш тоа. Ние оваа сезона сакаме да ги освоиме сите можни трофеи. Ете зошто сега нема да го допрам, ќе ја запазам традицијата“, изјави Алкантара.

Во Ливерпул е традиција да се допира тој натпис пред излегувањето на терен, но Клоп кога пристигна во 2015 година даде наредба дека прво треба да се освои трофеј, па потоа да се допира тој симбол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…